И годинава стопанско туристичката манифестација Тиквешки Гроздобер во Кавадарци нема да се одржи. На денешната седница на кавадаречкиот совет програмата за манифестацијата беше изземена од расправа.
Како што образложи претседателот на советот, Ристо Сакалиев, изземањето е поради мерките за заштита од Ковид.
Поради истата причина оваа манифестација не се одржа и минатата година. Како што беше предвидено во програмата, а требаше да се одржуваат три дневни активности со дегустации на вино, изложба на олд тајмери, карневал и забавно – музичка програма.
Ангел Данов