Застрашувачки топлотен бран се шири од Северна Африка кон јужна Европа, напиша синоќа на Твитер шкотскиот метеоролог Скот Данкан.
Kако што изјави Данкан, вчера во главниот град на Тунис била измерена температура на вртоглави 49 степени Целзиусови, што го собори рекордот.
Просечната температура во август во Тунис била околу 30 степени, а вчера беше срушен рекордот од јули 1943 гоина, измерени 47,4 степени.
– Ова е само почеток на страшниот топлотен бран, напиша тој, додавајќи дека вчера на Сицилија била измерена температура од 47 степени.
Скот Данкан пишува дека следува пеколен топлотен удар во Шпанија.
Скот Данкан е шкотски метеоролог кој живее и работи во Лондон.
Работел во различни сегменти на метеоролошката индустрија, а во последно време подготвува временски прогнози и анализи за пазарот на електрична енергија со голем акцент на обновливите извори на енергија во Европа.
Обрнува се поголемо внимание на подобрувањето во информациите за клучните метеоролошки и климатски настани за оние надвор од научната заедница.
На социјалната мрежа Твитер го следат 48.000 луѓе.
Ferocious heat spreading out of North Africa into Southern Europe right now.
This is the highest temperature ever recorded in the capital of Tunisia. Average high temperature in August is usually around mid 30s Celsius.
This is just the beginning of an atrocious heatwave. pic.twitter.com/tn5xEsk2SX
— Scott Duncan (@ScottDuncanWX) August 10, 2021