Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов на прес конференцијата ја соопшти состојбата со пожарите во нашата земја, но и го престави пред новинарите НИКС системот – „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (NICS). Во Македонија активни се три пожари, останатите пожари се локализирани, соопштија од ЦУК
Ангелов на прес конференцијата беше прашан кое е неговото мислење откако изјави дека авионите за гасење на пожар не биле сервисирани, бидејќи требало да се плати 400.000 евра, а како гледа на прославата по повод Рамковниот договор која ќе чини 500.000 евра.
– Да е само тоа. Прошетајте се низ Центар и видете колку пожарникарни возила се претворени во споменици. Но, но се надевам дека овој пат лекцијата ќе биде научена и некои работи брзо ќе бидат променети, токму и тоа е една од причините зошто го прифатив предизвикот да го водам Центарот за управување на кризи со оваа екипа, изјави директорот на ЦУК.
(В.П.)