Заминувањето од Барселона претставуваше тежок момент за мене, после сите години поминати таму, но сега ова е ново поглавје во животот и се чувствувам навистина среќно во Париз, изјави еден од најголемите фудбалери во историјата на спортот на денешната прес-конференција и презентација пред фановите и јавноста.
-Заминувањето од Барселона беше тежок момент за мене, после сите тие години ова беше тешка промена. Во моментов кога пристигнав овде се чувствував навистина среќно и одвај чекам да започнам со тренинзи. Уживам уште од првата минута во Париз. Сакам да им се заблагодарам на претседателот, Леонардо и на целиот клуб, за начинот на кој ме пречекаа. Преговорите со нив беа лесни и брзи. Сè уште сакам да играм, да победувам, уште од првиот момент во мојата кариера, а овој клуб се бори за сите трофеи и може да ми ја исполни мојата желба. Затоа дојдов во Париз Сен Жермен, рече Меси.
🗣”The moment I arrived here I felt very happy, I still want to play and still want to win.”
Lionel Messi talks about signing for PSG and cannot wait to work with his new teammates calling it ‘a new moment in his life’ pic.twitter.com/rZAubbN8N6
— Football Daily (@footballdaily) August 11, 2021
Целта на Меси за време не престојот во Париз е освојување на уште една европска круна, додека пак шансата да заигра повторно со неговиот добар пријател Нејмар и фантастичниот Килијан Мбапе, не можела да го остави рамнодушен.
-Не знам кога ќе дебитирам. Потребни ми се подготовки, бидејќи сега дојдов од одмор. Сакам да играм, но ќе ги почекам советите на стручниот штаб. Кога тие ќе проценат, тогаш. Одвај чекам да ги видам навивачите во Париз, додаде аргентинскиот напаѓач.
Претседателот на Париз Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, не успеа да го сокрие огромното задоволство од ангажманот на фудбалската икона, велејќи дека ова е историски ден за клубот и проектот започнат пред десеттина години.
-Сите го знаат Лео. Ова е историски ден. Пред 10 години имаше луѓе кои поставуваа различни прашања за нашиот проект. Денес ние сме горди. Би сакал да им се заблагодарам на сопругата на Лео, неговиот татко Хорхе, целиот негов тим, нашите комерцијални партнери. Ова е само старт, најави претседателот на ПСЖ.
На новинарско прашање поврзано со иднината на Килијан Мбапе, Ал-Келаифи одговори дека во овие околности и во ваков тим, на Французинот не му преостанува ништо друго освен да остане во ПСЖ и да се бори за највисоки дострели.
д.ј
Фото: