После повеќе од две децении, поминувајќи низ сите категории на фудбалскиот клуб Барселона, Лионел Меси ја напушти Блауграна и се пресели во Париз Сен Жермен.
Неможноста да се реализира новиот договор помеѓу Барселона и Меси, поради стриктните економски правила во шпанска Ла Лига, го натераа Аргентинецот да побара друг клуб и да го направи незамисливото.
Како слободен играч еден од најдобрите фудбалери во светот му се придружи на ПСЖ и во следните две години ќе го носи нивниот дресот на „Паркот на принцовите“. За тој период, Меси ќе заработи 35 милиони евра годишно, а ќе има и можност да го продолжи договорот на уште една година по неговиот истек.
Веднаш по пристигнувањето во француската престолнина, социјалните мрежи буквално „гореа“, додека пак еден нецел час по неговата официјална презентација, сите дресови со името на Лионел Меси беа распродадени онлајн.
Нов ден, нова шанса за еуфоричните навивачи на ПСЖ. Овојпат со физичко присуство и на „местото на злосторството“. Утрово долга беше редицата пред официјалниот фан-шоп на Париз Сен Жермен во Париз, а сите кои стоеја во редот имаа само една цел – 30-ка на грбот.
The queue outside the official PSG shop at the Champs-Élysées to buy a Lionel Messi shirt. (🎥@RemyBuisine) pic.twitter.com/Bh5QeIesUv
— Get French Football News (@GFFN) August 11, 2021
Сезоната во Франција е веќе започната и очекувањата се дека Меси ќе дебитира за ПСЖ во третото коло од домашното првенство.
Фото:
Twitter /@PSG_English