(Видео) Цела Грција плачеше со новинарката! Што се случи кога и пријде дедото? – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/21 9:41 AM

(Видео) Цела Грција плачеше со новинарката! Што се случи кога и пријде дедото?

Да се биде новинар ниту малку не е лесно, доказ за тоа  е ова видео кое е направено среде програма во живо во Грција. Младата грчка новинарка Евлампија Реви, која работи за Open TV и известува за погодените области од пожарите, и која додека во живо разговараше со еден локален жител заплака заедно со соговорникот.

Евлампија во понеделникот го посетила малиот град Галатосон на грчкиот остров Евија. Додека се приближувала до една од куќите, постар жител на ова мало место и пришол и почнал да разговара со неа. Тој и објаснил дека со денови не спие бидејќи се обидува да ја заштите својата куќа од пожарите. Новинарката инсистирала да ја напушти куќата од безбедносни причини и да замине на сигурно.

Евлампија предложила човекот  да превезат, доколку не постои можност тој да замине сам. Во еден момент, таа го симнала  ранецот и се обидела да најде  маска, но немала.  Тогаш старецот почнал да плаче, и таа заедно со него среде програма во живо.

Еве како текол разговорот:

„Морате да одите, наредбата за евакуација пристигна“, рече новинарката.

„Заминувам утре, одам во Атина“, рече старецот,

„Сега морате да одите“, рекла новинарката.

„Како, каде да одам“, рекол старецот

„Дојдете ние ќе ве однесеме“, додала новинарката.

Овој момент го гледале голем број граѓани на Грција и по ова следеа лавина од коментари за поддршка на младата новинарка.

Евлимпија утрово дознал дека грчката полиција го евакуирала постариот човек и дека тој е безбеден и згрижен.

Таа  исто така, се заблагодарил за сите пораки за љубовта и поддршка што ги доби.

Новинарката додаде дека е важно старецот од видеото да ја има целата љубов и грижа и од државата и од членовите на неговото семејство.

Евлимпија подоцна  дознала  дека членовите на неговото семејство го напуштиле и побегнале.

„Што се однесува до мене, јас само ја вршив својата работа, како и многу други колеги. Само понекогаш се распаѓаме, бидејќи и новинарите се луѓе. Ви благодарам”, напиша таа на својот профил на Фејсбук.

 

https://www.youtube.com/watch?v=VpV7Avroc-g&feature=emb_title

 

Извор и фото: Курир.рс