Со лошата смисла за хумор, ја расплакал старосватицата: Невеста го избркала кумот од свадбата – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/21 8:41 AM

Со лошата смисла за хумор, ја расплакал старосватицата: Невеста го избркала кумот од свадбата

Говорот на кумот е една од најважните работи на многу свадби, бидјеќи често служи за забавување на гостите пред да дојде главното јадење. Еден кум сепак, на своја кожа почувствувал дека е подобро некои работи воопшто да не се изговорат, па морал да замине од свадбата.

Како што пренесува Mirror, тој поминал многу време подготвувајќи го говорот, па дури и го научил напамет. Бидејќи не знаел ништо за старосватиците кои лично не ги познавал, го прашал младоженецот кој му советувал да го каже било што што ќе му текне во тој момент. Кога дошол денот, кумот се чувствувал самоуверено и се било добро додека не требало да каже нешто и за старосватиците, па одлучил да биде духовит.

„Старосватици, краток сум со времето па бидејќи не ве познавам би сакал да ви кажам дека пет-шест од вас изгледаат преубаво…Одлучете меѓу себе која не изгледа така“, рекол кумот. Наместо смеа, настанала тишина и тогаш знаел дека неговата постапка не е во ред.

Да биде ситуацијата уште полоша, една од девојките почнала да плаче.

„Не мислев ништо од тоа, зборував глупости. Кога отидов да се извинам сфатив дека таа не е толку убава и дека е значително помалку привлечна од останатите старосватици“, објаснил тој додавајќи дека невестата му рекле дека е најдобро да си оди, а со тоа се согласил и младоженецот.

Кумот се обидел да се извини и на фејсбук страницата креирана за самата свадба, но единствениот одговор кој го добил биле навреди од бабите на невестата.

 

Извор: espreso.co.rs