Дел од корисничките на ТикТок се залагаат на Камерон Херин (21) кој усмртил мајка и дете, да му се укине затворската казна бидејќи сметаат дека е „пресладок“ – пишува Unilad. Во април годинава, тој бил осуден на 24 години затвор откако се изјаснил за виновен за смртта на Џесика Робенолт и нејзината дваесетмесечна ќерка Лили, кои ги удрил со автомобил додека се тркал.
По изрекувањето на казната, бројни луѓе меѓу кои повеќето жени, на социјалните мрежи почнаа да споделуваат статуси и снимки со хаштагот „правда за Камерон“.
View this post on Instagram
Се надевам дека ќе му простат. Изгледа невино, не го направил тоа намерно – гласи еден од коментарите.
Пресладок си, се заљубив во криминалец – пишува друга корисничка.Тиктокерката Хана Кош пак, во едно од своите видеа напоменува дека некои кориснички отишле толку далеку што веќе почнале да потпишуваат петиција за отпуштање на Херин од затвор.
Извор: srbijadanas.com