Летото е време на најдобри и најквалитетни домати. Овој зеленчук се наоѓа во скоро секој оброк од салата, и покрај тоа што е многу здрав, содржи многу мал број калории.
Доматот е зеленчук богат со витамин Ц, како и калиум, натриум, магнезиум, бакар и железо.
Калиумот во доматите го регулира клеточниот притисок, како и нормалната функција на нервите и мускулите, додека натриумот обезбедува притисок врз вонклеточни течности и овозможува нервна и мускулна активност.
Доколку случајно сте купиле домат со лош вкус, иако изгледал совршено, ви предлагаме следниот пат да обрнете внимание на три клучни работи, како што се бојата, мирисот и мекоста.
Боја на кората
Ако доматот има темноцрвена боја на кората без видливи гребнатини и пукнатини, веројатно е свежо плод. Посветлата боја на кората и портокаловите нијанси се знак дека овошјето е сеуште незрело, додека доматот со потемни дамки на кожата е презрел, односно почнал да скапува.
Мирис на доматот
Уште подобар показател за изгледот на доматот е неговиот мирис. Изберете плодови со дршка за да мирисате. Ако чувствувате силна арома, го одбравте вистинскиот плод, и ако му недостасува мирис, доматот најверојатно е без вкус.
Мекост на плодот
Кога станува збор за мекоста на доматите, најдобра е „златната средина“: ако е доволно цврсто за да можете да го притиснете без да го уништите, а во исто време не е премногу тврдо, тогаш сте избрале зрели и квалитетни домати. Меките плодови брзо ќе се расипат.
Затоа е многу важно да купувате домати на места каде што ќе ви биде дозволено да одберете.
Извор: Магазин.новости.рс