Дневен билтен на Општина Штип – 14.08.2018 – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 10:11 AM

Дневен билтен на Општина Штип – 14.08.2018

Пастрамајлијада за 2018 г.
Денеска, 14.08.2018 г., советникот за јавни дејности и култура, Кирил Панајотов ќе даде изјава за медиуми во врска со организацијата за Пастрамајлијадата 2018, со почеток од 11:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров“ Штип.
 
Дневни активности на јавни претпријатија
Денеска ЈП „Стипион 2011“ ќе работи на:

Реконструкција на мал.плоштад кај пензионерски дом
Реконструкција на тротоар на улица „Тодор Коларов“
Изградба на игралиште во Блок 70
Замена на улични светилки во градот

Работната единица Водовод и канализација при ЈП „Исар“ денеска ќе ги извршува следните активности:

Санирање на дефект на водоводна линија на улиците: Козјак Планина, Светиниколска, Јосиф Ковачев
Приклучок на нови бушени бунари на водоводниот систем во м.в Штипско езеро
Санирање на површини кај Димитар Влахов
Бетонирање на корито на река Отиња

Работната единица Паркови и зеленило при ЈП „Исар“ ќе ги извршува следните работни активности:

Косење на зелени површини на Булевар Партизанска
Косење на зелени површини во коритото на река Отиња
Косење на зелени површини во населба Баби