Метеж и турканици пред регионалниот пункт за вакцинација во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/21 2:28 PM

Метеж и турканици пред регионалниот пункт за вакцинација во Тетово

Метеж и турканици пред регионалниот пункт за вакцинација во Тетово. Поради зголемениот интерес за имунизација за инјектирање на вакцина се чека и по неколку часа.

Граѓаните револтирани. Велат нема никаков ред и организација, ама не е се’ до надлежните, туку и до самиот народ.

Здравствените работници апелираат за поголема дисциплина на пациентите, но проблемот го гледаат и во немањето на доволно медицински персонал, за нормално функционирање на регионалниот пункт за вакцинација.

„Народот нема култура, на едно место влегуваат и тие шти треба да примаат прва и тие што треба да примаат втора доза вакцина, иако има е кажано тоа да не го прават, се расправаат дури и до полицијата и кон нив упатуваат закани“, изјава д-р Ацо Костевски од Здравствениот дом Тетово.

Тетовско и понатаму е на врвот по бројот на позитивни случаи и хоспитализирани пациенти, но се уште на дното по бројот на имунизирани. Но според состојбата на терен односно зголемениот интерес за имунизација, се очекува процентот од над 20 % на имунизирани месецов да се зголеми.

 

Зоран Димовски