Само метри ја делат скопската рафинеријата Окта од оганот што зафати поголемо пространство зад куќите на селото Текије, веднаш до пругата Куманово – Скопје.
Репортерската екипа на ММС јавува дека објектите на Рафинеријата не се ни гледаат од чадот. Гори од двете страни на пругата.
-Пријавено ни е пред еден час дека има активен пожар во селото Текија. На терен се три противпожарни возила и едно на „Окта“. Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот. Нема опасност од ширење на пожаот до Рафинеријата, изјави за ММС командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски.
Во исто време било побарано од ЕВН да се прекине електроснабдувањето, како и превентивно да биде сопрен железничкиот сообраќај во тој дел каде што е активен пожарот.
Од Куманово, како што јавува нашиот дописник, од тамошната противпожарна служба, испратени се дополнително уште две екипи. Пожарот бил пријвавен во 11.55 часот. Гори поголема површина на стрништа и сува трева.
Во продолжение видео и галерија од пожарот.