Ѕвездата на „Куќа од карти“ се омажи за 20 години помлад Французин во најголема тајност ФОТО – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 10:01 AM

Ѕвездата на „Куќа од карти“ се омажи за 20 години помлад Французин во најголема тајност ФОТО

Интимната и тајна венчавка е одржана во Франција, поточно на имот во Прованса, а дел од атмосферата на својот профил на Инстаграм сподели и ќерката на Робин, Дилан Францес Пен.

Иако многумина првично мислеа дека станува збор за шега, кога тоа го напиша „Вог“, но и кога на социјалните мрежи се појавија фотографии, потврдено е дека актерката и поранешна сопруга на Шон Пен, Робин Рајт (52), уште еднаш застана на „лудиот камен“. Овојпат нејзин избраник е Французинот Клемент Жиродет, кој наводно е 20 години помлад од актерката.

Првите информации за венчавката на ѕвездата на серијата „Куќа од карти“, Робин Рајт и Клемент Жиродет, кој во модната куќа „Сен Лорен“ е менаџер за ВИП клиентите, се појавија во „модната Библија“ – „Вог“, а тоа сега конечно е потврдено и со фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи.

Интимната и тајна венчавка е одржана во Франција, поточно на имот во Прованса, а дел од атмосферата на својот профил на Инстаграм сподели и ќерката на Робин, Дилан Францес Пен.

Актерката со Клемент е во врска од 2017 година. Таа беше свршена со актерот Бен Фостер во 2015 година, а беше во брак со Шон Пен од 1996. до 2010 година, со кого има две деца – ќерката Дилан (27) и синот Хупер (25).