Охриѓани и стружани наместо да уживаа на плажа тие направиле инциденти, полицијата морала да интервенира.
Според информациите на охридската полиција вчера биле поднесени неколку пријави за нарашување на јавниот ред и мир на охридските плажи.
– Вчера во СВР Охрид, приведен е З.Д.(55) од Охрид кој претходно, по нарушен јавен ред и мир на плажа на Охридското езеро, агресивно се однесувал кон полициски службеник кој преземал службени мерки. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-Вчера во 17,40 часот, на плажа на Охридското езеро нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две малолетни лица, во која се вклучиле В.К.(35) од една и А.Ј.(49) од друга страна. По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.-
-Вчера во 13.40 часот, во ОВР Струга пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен од Е.П. врз С.И. (40), двајцата од Струга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.


