На исчекувањето му дојде крајот: Лионел Меси постигна договор со Париз Сен Жермен – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/21 11:30 AM

На исчекувањето му дојде крајот: Лионел Меси постигна договор со Париз Сен Жермен

Аргентинските, шпанските, француските и италијанските медиуми согласни – Лео Меси е дефинитивно нов играч на Париз Сен Жермен. Неговата официјализација се очекува во текот на денот, а сепак Аргентинецот на грбот ќе го носи бројот 30.

Меси и ПСЖ постигнале двогодишен договор и легендата на Барселона како слободен играч ќе му се придружи на сонародникот на клупата на парижани, Маурисио Покетино. Соработникот на „The Guardian“ и експерт за трансфери, Фабрицио Романо, пренесува дека Меси на „Паркот на принцовите“ ќе настапува до 2023 година, но постои опција за продолжување на договорот на уште една сезона, до 2024 година.

Иконата на клубот од Каталонија и еден од најголемите фудбалери кои воопшто зачекориле по светските тревници, ќе заработува 35 милиони евра годишна нето плата, непресметувајќи ги дополнителните бонуси за постигнати голови и освоени трофеи.

Презентацијата закажан пред Ајфеловата кула и пред еуфоричните навивачи на богатиот париски клуб, предвидена е за вечерните часови.

 

Фото:

Twitter