Тинејџер слетал во канал, па се задушил во кал – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 9:56 AM

Тинејџер слетал во канал, па се задушил во кал

Осумнаесетгодишно момче, возач на автомобил марка „цитроен Ц5”, загинало во трагична несреќа кај Сребрено Езеро, додека неговите двајца пријатели куртулиле, пренесува српски „Курир”.

Ова се случило синоќа околу 20.45 часот, кога момчето изгубило контрола над воланот од непознати причини, па слетало во каналот со околу 80 сантиметри вода.

Автомобилот се превртел на работ од возачката страна, па момчето не можело да излезе бидејќи било врзано со сигуросен појас. Момчето се удавило во калта. Неговите пријатели, исто така на 18-годишна возраст, успеале да излезат од автомобилот, бидејќи не биле врзани со појас.

Веднаш повикале помош, а истовремено им дошол во пресрет и возачот на автомобилот позади нив. Тој го извадил тинејџерот од автомобилот и заедно ја чекале Брзата помош. За жал, реанимацијата не успеала.

Според возачот позади „цитроенот”, немало ниедно друго возило во близина, па не се знае зошто се случила трагедијата. Наводно, поради големата брзина и нерамниот пат во близината на мостот , како и возачкото неискуство, младиот изгубил контрола над автомобилот.

На тоа место биле чести слетувањата на автомобили. Пред месец дена друг возач слетал, но за среќа успеал да се спаси.

Телото на момчето е дадено на обдукција.