Максимални дневни температури и до 42 степени, денес сончево и многу топло – ММС
ММС

Објавено на: 08/10/21 7:21 AM

Максимални дневни температури и до 42 степени, денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец, информираат од УХМР.

Со прогнозираните температурни вредности ќе биде активирана жолта, а во југоисточните подрачја, каде максималните температури повторно ќе надминат 40 степени, портокалова фаза за опасност од високи температури.

Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а од четврток опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени.