Јапонија донира возило за комунален отпад во Ростуше – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/21 6:57 PM

Јапонија донира возило за комунален отпад во Ростуше

Денеска јапонскиот амбасадор Хиронори Савада присуствуваше на примопредвањето на донација возило за комунален отпад за општината во Ростуше, седиште на општина Маврово и Ростуше.

-Неговата екселенција, Савада, присуствуваше на церемонијата по повод успешно завршениот проект од Програмата за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, односно ГГП, во нашата општина, чија  цел е да ја подобри животната средина во општината. Станува збор за донација на возило за комунален отпад во вкупна вредност од 67.807 евра, информираа од општина Маврово и Ростуше.

Амбасадорот Савада остварил и средба со градоначалникот Медат Куртовски, на која присуствувала и  Дијана Давидовски, директорка на Јавното комунално претпријатие.

– За време на кусата средба на градоначалникот Куртовски и амбасадорот Савада стана збор за унапредување на и така добрата соработка на амбасадата и нашата општина. Градоначалникот Куртовски од име на жителите искажа голема благодарност за оваа како и претходните јапонски донации, наведуваат од општината.

Програмата за мали грантови ГГП, има долга историја во Северна Македонија. Од 1996 година Јапонија финансира проекти за реновирање и обезбедување опрема за повеќе од 70 училишта и градинки, 57 здравствени установи, обезбедила 31 возило за одржување и 49 возила за комунален отпад за општини во земјава.

MИА