Не запира растот на позитивни и хоспитализирани со Ковид-19 во тетовско – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/21 6:21 PM

Не запира растот на позитивни и хоспитализирани со Ковид-19 во тетовско

Не запира растот на позитивни и хоспитализирани пациенти со КОВИД 19 во тетовскиот регион. Моментално во двете одделенија на Клиничката болница Тетово се лечат 46 пациенти.

Состојбата е сериозна и крајно критична, ако се земе предвид фактот дека има пациенти кои се хоспитализирани, а претходно немале никакви коморбидитети. Затоа мора да внимаваме во периодот што следи.

Најважна е вакцината, затоа сите мора да се имунизираме. Само малкумина кои се вакцинирале се инфицирале, но имаат многу полесна симптоматологија невакцинираните.

За болнички капацитет како и медицински персонал нема проблеми, а големо олеснување е најавата на Министерството за здравство дека дел од пациентитие со потешка клиничка слика ќе се препраќаат на скопските клиники.

Зоран Димовски