Минатата седмица заминувањето на Лионел Меси од Барселона одекна како бомба. Двете страни постигнале согласност за потпишување на нов договор, но прописите и економските регулации на Ла Лига, претставуваа пречка за формализирање на договорот, а значеа и дефинитивно напуштање на „Ноу Камп“ на еден од најдобрите фудбалери во историјата на играта.
На Меси не му требаше долго да пронајде друга средина, достојна барем во моментов за да ја прифати неговата големина. Нецели 24 часа по емотивното заминување, Париз Сен Жермен успеа да го „утеши“ Аргентинецот со поприлично богат финансиски пакет преточен во 40 милиони евра годишна плата.
Промоцијата на освојувачот на Копа Америка е закажана за вторник, но навивачите на ПСЖ уште од денес се наоѓаат на улиците на главниот град на Франција, окупирајќи ги сите потенцијални места од каде што Меси би можел да се забележи и создавајќи неверојатна хистерија пред „Паркот на принцовите“.
— Reshad Rahman (@ReshadRahman_) August 9, 2021
PSG fans waiting for the arrival of Lionel Messi. 👀pic.twitter.com/I5v3iJF9QN
— MessiTeam (@Lionel10Team) August 9, 2021
Еуфоријата се очекува да ја достигне својата кулминација кога во текот на утрешниот ден Лео Меси ќе се појави пред парижани со темносиниот дрес и бројот 10 на грбот.
Овие денови е убаво да се биде во Париз, зарем не?
Фото: