Неколкумина пешаци повредени во инцидент пред британскиот Парламент – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 9:22 AM

Неколкумина пешаци повредени во инцидент пред британскиот Парламент

Еден маж утрово е уапсен во Лондон откако со автомобил удри во заштитната ограда поставена пред британскиот Парламент. Во инцидентот повредени се неколку пешаци.

– Во 07:37 автомобил удри во оградата пред зградата на Парламентот. Возачот е приведен од полицијата на лице место. Неколку пешаци се повредени. Полицијата и понатаму е на терен, соопшти Скотланд јард.

Засега не е познато дали се работи за несреќа или за напад.

Зградата на британскиот Парламент е опкружена со челични и бетонски заштитни огради.

Во Велика Британија минатата година беа извршени низа напад при што вкупно загинаа 36 лица, а 200 беа повредени. Одговорност за четири напади презеде Исламска држава.

Во нападот од март 2017 година, 52-годишниот Халид Масуд со автомобил усмрти четири пешаци на Вестминистерскиот мост, а потоа со нож избоде до смрт невооружен полицаец пред британскито Парламент. Напаѓачот беше застрелан од полицијата.