Наташа и Кристина Беквалац наводно започнуваат со работа на новата шоу програма од септември. Приватниот живот на поп -sвездата и нејзиното семејство наскоро би можел да биде прикажан и пред пошироката јавност.
Една позната продуценска куќа сака да сними реално шоу со семејството Беквалац, наводно публиката е заинтересирана што се случува зад камерите во семејството на пејачката.
– Наташа и нејзината сестра Кристина со голема радост ја прифатија оваа идеја. Добро е познато колку е духовита Ната во медиумите, а изјавите што ги дава со години се апсолутно вирални – започнува изворот за „Ало“ и додава:
– Идејата за реалното шоу, чиј работен наслов е “Bekvalčeve”е именувана по нејзиниот профил на Инстаграм, и дојде благодарение на честите шеги и духовити ситуации што Наташа ги споделува со своите следбеници на оваа социјална мрежа во форма на снимки или фотографии.
Извор: Телеграф.рс