Се подготвува за апокалипса? Милјардерот купи пасош од Нов Зеланд за 10 милиони долари! – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/21 10:26 AM

Се подготвува за апокалипса? Милјардерот купи пасош од Нов Зеланд за 10 милиони долари!

Лари Пејџ, еден од основачите на „Гугл“, е последен од серијата богати луѓе кои се преселиле во земја за која се смета за најдобро засолниште од апокалипса.

Американскиот милијардер Лари Пејџ (48) доби престој во Нов Зеланд, потврдија властите на оваа земја, која се смета за најдобро засолниште од апокалипсата.

Пејџ всушност ја купил резиденцијата со инвестиција од 10 милиони новозеландски долари (околу седум милиони американски долари), што мора се заврши во последните три години.

Итен медицински случај

Пејџ, еден од основачите на „Гугл“, чија вредност на имотот се проценува на 116 милијарди долари, во јануари оваа година пристигна во Нов Зеланд, кога границите на оваа земја беа официјално затворени поради пандемијата на Ковид 19. Владата, предводена од премиерката Јасинда Ардерн, му дозволи да влезе во земјата под изговор дека на неговиот син му треба медицинска помош. Пејџ поднесе барање за државјанство во ноември, но неговата апликација не можеше да се процесира бидејќи тој тогаш беше надвор од територијата на оваа држава. Откако влезе во земјата во јануари, тој аплицираше за државјанство во февруари.

-Влезот на Лери Пејџ беше во согласност со сите процедури поврзани со медицински итни случаи – рече Ендрју Литл, министер за здравство, во обраќањето пред пратениците во

По картка постапка

– Имаме голем број лекари и медицински сестри кои се заглавени во бирократијата додека чекаат државјанство, а потоа се појавува Лери Пејџ и веднаш добива дозвола за престој – вели Кејти Армстронг, советник за имиграција. Во 2019 година, Пејџ поднесе оставка од функцијата извршен директор на „Alphabet“ но тој остана член на одборот на директори како најголем акционер. Британскиот институт за глобална одржливост неодамна го прогласи Нов Зеланд за најдобра земја што го преживеа колапсот на западната цивилизација. Тоа е најизолираната земја во светот.

 

Извор и фотот: Курир.рс