Џенифер Анистон ја откри тајната за совршената линија – ММС
ММС

Објавено на: 08/9/21 8:54 AM

Џенифер Анистон ја откри тајната за совршената линија

Холивудската актерка Џенифер Анистон со својот изглед  остава  без здив  сите каде и да се појави, а сега открила на кој начин ја одржува линијата.

Не е тајна дека Џенифер се храни здраво, а во оваа прилика открила дека кога е под стрес јаде парче чипс, а новинарката ја прашала дали навистина јаде едно парче, таа  одговорила:

Најчесто. Добра сум во тоа.Јадам една бонбона, едно парче чипс. Знам дека тоа е така досадно.

Кога станува збор за алкохолни пијалоци, таа пие само два вида – маргарита без шеќер и мартини, и застанува на максимум две или три чаши.

Се разбира, таа не може да има фигура без редовно вежбање, и отсекогаш уживала во тоа.

– Минатата година имав една повреда и можев да вежбам само пилатес, што многу ми се допаѓа, но го пропуштив вистинското потење кога давам се од себе. Така, сега се враќам на мојата рутина 15-15-15. Ми треба таков тип на движење, дури и кога скокав на трамболина 10 минути дневно – рече Џенифер Анистон.

 

Извор: Курир.рс