Повеќе од 30 кинески функционери се казнети, а некои добиле и отказ поради неадекватно реагирање на најновиот пораст на бројот на заразени со коронавирусот во земјата.
Помеѓу отпуштените се и заменикот градоначалник, началници на градски окрузи и здравствени комисии, раководители на болници, аеродроми и туристички сектор.
Кинеската национална здравствена комисија објавила дека во претходните 24 часа зебележани се 94 нови случаи на локално пренесување на заразата.
Најновата епидемија поврзана е со аеродромот во источниот град Нанкинг, каде што помеѓу вработените се прошири делта сојот од вирусот.
Извор:
rs.n1info.com
Фото:
chinadialogue.net