Дождот што беше најавуван викендов не забиколи и денес повторно се враќаат пеколните горештини. Од УХМР информираат дека времето денес ќе биде сончево и многу топло со слаб ветер. Максималната температура ќе достигне до 41 степени, а УВ индексот ќе биде 9.
Натпросечни температури ќе бидат и утре и задутре, повторно ќе се бориме со над 40 степени. Убава вест доага во среда, кога од УХМР најавуваат пороен дожд и грмежи, се очекува температурите да паднат за неколку степени. И на 35 е жешко ама над 40 е уште повеќе.