Западнонилска треска однесе два животи во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/21 8:36 PM

Западнонилска треска однесе два животи во Србија

Две лица починаа од последици на западнонилска треска во Србија. Ова се први смртни случаи годинава од оваа болест во земјата, објави денеска весникот „Телеграф“.

Жртвите се маж и жена на возраст од 63 и 50 години, кои претходно имале хронични болести. Покрај тоа, комарци кои го пренесуваат вирусот се откриени на шест места во градот Панчево, како и на две места во Белград.

Првпат болеста е регистрирана во Србија во 2012 година, оттогаш 1.032 луѓе се заразени во земјата, а 98 починале.

Болеста може да предизвика оштетување на централниот нервен систем во форма на менингитис или менингоенцефалитис, како и во форма слична на грип со главоболка, треска и болки во грлото.