Ангелов заедно со тимот од Австрија со хелихоптер во обиколка над Берово и Пехчево – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/21 8:12 PM

Ангелов заедно со тимот од Австрија со хелихоптер во обиколка над Берово и Пехчево

Од ЦУК информираат дека директорот Стојанче Ангелов, ја напраи последната обиколка над Берово и Пехчево заедно со тимот од Австрија, со хелихоптер.

„Денеска, при крајот на денот, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, заедно со раководниот тим на пожарникарите од Австрија изврши хеликоптерско извидување, со полицискиот хеликоптер, на пожарите на територија на општините Берово и Пехчево за потребите за дејствување и противпожарните координирани методи и тактики коишто странските пожарникари ги преземаат заеднички со домашните сили согласно и безбедносни мерки за заштита и на пожарникарите и на населението,“ се вели во информацијата од ЦУК.

фото-ЦУК