Се уште активен пожарот на планината Серта над штипско Драгоево, теренот непристапен за гасење – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/21 7:08 PM

Се уште активен пожарот на планината Серта над штипско Драгоево, теренот непристапен за гасење

На планината Серта, над штипскиот село Драгоево, се уште е активен пожарот, кој од страна на локалните жители е забележан околу 12 часот.
Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов, кој во моментов е на терен заедно со пожарникарите и вработените од ЈП „Национални шуми“ вели дека теренот е непристапен и не може да се пристигне до врвот на ридот, каде што гори и тлее смрека, ниско стеблести растенија и сува трева. Огнените јазици се далеку од околните села и објекти во тој дел на планината.
„Го гледаме чадот, гори на пет места на високиот рид. Нашите пожарникари забележаа траги од мотор, којшто можел да се движи низ непристапниот терен за нашите возила. Очигледно е дека некој намерно го има запалено овој рид на планината Серта, вели Атанасов.

Пожарникарите ги фотографирале трагите од моторот и ги испратија до МИА, со апел да се почитува забраната за движење низ шумиските предели и планините.

Забележуваат дека постојано се на терен и се исцрпини од постајано гаснење на пожари и на сопствената територија, но и во малешевско-пијанечкиот регион.

миа