Пожарот во ресторанот Рогуза избувнал среде свадба, причина инсталацијата – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/21 2:05 PM

Пожарот во ресторанот Рогуза избувнал среде свадба, причина инсталацијата

Според  Звонко Томевски, заменик-командант на ППЗ на Град Скопје,  пожарот во ресторанот Рогуза избувнал среде свадба, и дека првично почнал кај инсталацијата. Една жена побарала помош, но веќе била пуштена дома.

„Она што за нас е најважно е да спречиме пожар без последици. Првично интервенцијата беше пребарувања на просторот, на катната гаража, ресторанот. Една жена имаше побарано помош, но веќе си заминала дома. Пожарот избувнал сред свадба, и од она што првично може да се забележи е настанат во инсталацијата. Интервениравме со 10 противпожарни возила, 30 лица. Настана проблем бидејќи во моментот на дојавата, имавме интервенција на Дижонска на магацин со лакови, и од таму веднаш се упативме тука и успешно ја завршивме интервенцијата. Пожарот се простираше на некаде околу 150-200 квадратни метри“, изјави Томевски за ТВ 21.