Толку многу љубов од едно маче, со сите се гали – Со Верче од „Љубојна“ за безграничната љубов на милениците – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/21 6:10 PM

Толку многу љубов од едно маче, со сите се гали – Со Верче од „Љубојна“ за безграничната љубов на милениците

Да се има миленик во домот во едно семејство, значи дека имате член повеќе во семејството на кој треба да му посветите поеднакво исти права  и грижа како на сите други членови. Тој миленик го зазема и приматот можеби на најважниот член во семејството. Љубовта која се раѓа помеѓу миленикот и членовите на семејството е нешто незаменливо и не може со ништо да се спореди или замени.

Денеска 8 ми август во светот се прославува како Меѓународниот ден на мачките, кој всушност претставува цели 24 часа сакање и почитување на едно од најстарите и најомилените миленичиња на човештвото.

Прославите за овој ден беа организирани за прв пат во 2002 година од IFAW, Меѓународниот фонд за заштита на животните, меѓу другите групи за заштита на животните, за да го прослават најпопуларното милениче на планетата.

Се проценува дека околу 500 милиони мачки шетаат низ градините на соседите низ целиот свет, што значи дека повеќето од поширокото семејство имаат тетка со повеќе мачиња отколку поранешни сопрузи, без оглед на земјата или климата. И тоа е одлично, бидејќи се покажа дека поседувањето мачка го подобрува менталното здравје и го ублажува стресот, вознемиреноста и депресијата.

Помеѓу познатите кои се големи љубители на мачките е и Вера – Љубојна која за ММС раскажа како нивниот миленик се нашол во семејството и станал почесен член.

„Го чуваме најљубовното и најмилото маче, едно екстровертно маче со сите што се гали. Еден убав работен ден поаѓавме со Оливер на состанок или на ангажман ми се чини, и имаше едно мало маче што не повикуваше на цел глас до колата на кое што не можевме да му одолееме и тогаш Оли ми вика: „Види, како мачево не вика“. Јас му реков: „Сега што да правиме, треба сега да тргнеме“. Па Оли даде предлог да го ставиме во дворот, и вели ако остане во дворот значи наше си е, а јас му велам каде го оставиме има широка ограда ќе излезе, не ни помислив дека ќе остане“, раскажува Вера за ММС.

Но тука се случил пресврт. Изгледа на мачето му се допаднал новиот дом и одлучило сепак да остане. И не погрешило бидејќи има одлични сопственици кои вистински се грижат за него како најважен член во семејството.

„Се слушнавме по два часа, и вели еве на ветеринар сме, купивме транспортер, ампули за чистење од паразитити и му извадивме пасош. Јас велам, чекај чекај, маче имаме? – А, навистина многу си го посакувавме, си размислувавме да си земеме две миленичиња, да си вдомиме, маче и куче. Арно ама мачето само си дојде како да ја знаело нашата желба. И што е најинтересно, мојата ќерка Јана беше алергична на мачки во последниов период и многу бевме во блага паника дали ќе има некаква реакција. Но, некако се десензибилизираше и таа. Толку многу љубов од едно маче. Јас сум научена да чувам куче, ова ми е прв пат да чувам маче и е фантастично, друга милост, друга комуникација“, вели Вера.

Цртаната серија Agent Binky пресудна за името на новиот миленик.

„Името го доби по еден мачешки цртан лик, и се вика Агентот Бинки (Agent Binky)  по една анимирана цртана серија, и така сега нашето маче сега се вика Бинки. Цртаната серија ја гледавме со мојот син Јован постојано на Бумеранг, и ете го Бинки со нас среќно вдомен, расположен. Смешки е зошто постојано е во двор.  Денски спие дома, а навечер е постојано во двор и ако се врати наутро доаѓа да јаде. И често се шегуваме каде е Бинки, еве го „се врати по гитарата назад на журка“. Многу е мил , не знам како да го змаислам без него семејството.Тој е веќе член на нашето семејство“, раскажа Вера за нејзиниот миленик Бинки, по повод Меѓународниот ден на мачките.

(Г.Д)