ДУИ преку јавен повик ќе бира кандидати за советници во Гостивар – ММС
ММС

Објавено на: 08/8/21 9:42 AM

ДУИ преку јавен повик ќе бира кандидати за советници во Гостивар

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) за првпат објавува Јавен повик со кој ги повикува граѓаните на Гостивар да го искажат својот интерес за да се кандидираат за советник во Советот  на општина Гостивар од редовите на Демократската Унија за Интеграција.

На овој начин се вели во повикот, ДУИ им нуди можност за кандидатури и на личности кои не се дел од  партиски структури.

„Ги покануваме сите заинтересирани кои ги поддржуваат нашите политики и се подготвени да придонесат за нивната општина, да се кандидираат како кандидати за советници за локалните избори на 17 октомври 2021 година, се вели во објавениот апел.

Кандидатите треба да  се полнолетни, да се државјани на Република Северна Македонија;

да се способни за работа и да се способни во аспект на општото здравје, да имаат способност за работа, во целост да ги почитуваат законските прописи на РСМ и да не се во процедура за активност што е спротивно со законот. Кандидатите треба да имаат програма со идеи, визија и проекти предложени за развој на општината за периодот 2021-2025 година.