(Видео) Мајсторе, мајсторе, душава ми ја разболе – Тања и Новица со четка и микрофон во карантин ја молерисаа куќата – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/21 8:08 PM

(Видео) Мајсторе, мајсторе, душава ми ја разболе – Тања и Новица со четка и микрофон во карантин ја молерисаа куќата

Во Мелбурн, Австралија во моментов трае еднонеделниот карантин, поради тоа што во тој пет милионски град имало девет заразени од корона. Ова е шесри пат како им се воведув ксрнтин, откако минстта година почн пандемијата со корона. „Локдаун бр. 6“, така си го нарекуваат во Австралија. И како и сите Македонци, независно каде и да се, Тања и Новица карантинот го искористија за „кречење“, додека трае паузата од настапи. Но, нивното бојадисување воопшто не наликува како на другите. Тие решија во живо и со песна, заедно со цел свет да бојадисуваат.

Денес, откако ги подготвија сите реквизити, боја, черка, скала.., ја вклучија камерата и со песна почна разубавување на ѕидовите. Малку со четката, малку со микрофонот и двајцата направија невидена журка.

Најпрво почна Тања, која на нејзниот молер (пентер по англиски) за мотивација му ја запеја „Мајсторе, мајсторе, душава ми ја разболе“, а потоа се редеа нивни и други хитови. Во пауза додека се сушеа ѕидовите и двајцата исполнуваа желби на сите кои во живот ја следеа необичната и луда журка. А желби имаше од секаде, од Америка, преку Европа, па до Австралија, од сите нашинци.

Разубавувањето на нивната „света куќа“, како што тие си го нарекуваат домот, заврши со песна и со ѕидови обоени во праска боја.

-Кога си ја купивме куќата си ја нарековме нашата света куќа и секој ден ја полниме со емоции и позитивни вибрации, рече Тања и додаде:

„Поздрав до сите молери, од цел свет“, меѓу пеењето ги поздравуваше Тања.

-Мора да се направи нешто за да биде интересно во карантин, инаку не се доседува, ни рече Тања.

Журката во живо на крајот заврши со „Љуби ме и главата горе“, но за нив продолжи.

Погледнете како сето тоа изгледаше: