Меѓаши со прва психолошка помош за засегнатите од пожарите – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/21 7:40 PM

Меѓаши со прва психолошка помош за засегнатите од пожарите

Во следниот период од седум дена, 24 часа ќе бидат активни шест телефони за прва психолошка помош за засегнати лица во опожарените области, информираат од Првата детска амбасада.

Како што стои во соопштението од Меѓаши, амбасадата во соработка со ЗСП Психеско, од денеска е во дополнителна засилена служба на децата, нивните семејства и другите засегнати лица во опожарените области кои преку телефонските броеви ќе можат да се обратат за прва психолошка помош.

МИА