Овој вкусен омлет ќе ви даде енергија за целиот ден!Рецепт кој е идеален за секое утро.
Состојки
3 јајца
3 печурки
25 грама шунка
25 грама кашкавал
органо
сол
1 домат
малку масло
магдонос за декорација
Подготовка
Исечете ги печурките и исечете ја шунката на мали коцки, потоа пржете ги печурките со малку масло, а потоа додадете ја шунката. Изматете ги и посолете ги јајцата, а потоа истурете ги во тавата. Кога јајцата ќе поруменат од двете страни, додадете го ренданиот кашкавал. Извадете ја тавата од шпоретот и покријте ја да се стопи кашкавалот.
Исечете го доматот на кругчиња и ставете го над омлетот, а потоа посипете го со магдонос.
Се служи топло!