Дел од Сопиште и Аеродром утре без струја – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 7:37 AM

Дел од Сопиште и Аеродром утре без струја

Дел од корисниците од улицата „24“ во село Сопиште утре од 8:30 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 13:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Ѓорѓи Капчев“ – подулица „27“ во општина Аеродром.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.