Арета Франклин хоспитализирана во тешка здравствена состојба – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 7:35 AM

Арета Франклин хоспитализирана во тешка здравствена состојба

Кралицата на соул музиката, Арета Франклин, во тешка здравствена состојба е хоспитализирана во болница во Детроит.

Новинарот Роџер Фридман соопшти дека ова е тежок период за пејачката и дека е опкружена со семејството и најблиските пријатели. Фридман, кој воедно е и близок пријател на Франклин, побара од обожавателите да се молат за нејзиното здравје.

На легендарната пејачка во 2010 година и беше дијагностициран рак по што итно беше оперирана.

Арета Франклин последен пат настапи во ноември минатата година во Њујорк на хуманитарната забава на фондацијата на Елтон Џон за помош на лицата заболени од СИДА.

Таа требаше да одржи два концерти во март и април годинава, но беа откажани.