Изгаснат пожарот кај Велес во близина на Градската депонија – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/21 9:47 PM

Изгаснат пожарот кај Велес во близина на Градската депонија

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Велес вечерва околу  21 часот го изгаснаа големиот пожар што избувна попладнето околу 17:30 часот во непосредна близина на автопатот Велес-Штип во близина на населбата Дурутовец и Градската комунална депонија.

– Пожарникарите спречија да се прошири пожарот и ги спасија викенд куќите, информираат за МИА од ТППЕ Велес.

Во пожарот беа вклучени 15 – тина пожарникари со четири теренски возила за гаснење пожари и еден камион-цистерна со вода.

 

 

МИА