Хеликоптери на МВР на Србија го изгаснаа пожарот во селото Будинарци во Северна Македонија и фрлија 38 тони вода, јавува РТС.
Припадниците на хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи на Србија, кои веќе неколку дена се борат со пожарот во Северна Македонија, вчера успешно дејствуваа и го спасија селото Нов Иственик од пожар.
Во многу неповолни услови со висока температура до 40 степени, два хеликоптери на српското МВР исфрлија 24 тони вода и одбранија населени места и рурални домаќинства во областа што веќе беше зафатена од пожарот и каде што не беше можно да се работи од земја.
Во текот на денот хеликоптери го изгаснаа пожарот во село Будинарци и по тој повод фрлија 38 тони вода, соопшти српското МВР.
Припадниците на хеликоптерската единица продолжуваат да ги гаснат пожарите и даваат помош на загрозеното население во Северна Македонија, кое деновиве се соочува со големи шумски пожари.
Извор и фото: .rts.rs


