Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека војниците на Ерменската армија отворија оган врз азербејџанските позиции на границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека на 5 август помеѓу 23:00 и 23:50 часот по локално време, од позициите во близина на селото Араздејен во провинцијата Веди во Ерменија, отворен е оган врз азербејџанските позиции во населбата Хајдерабад во провинцијата Седерек, Накчиван.
Се додава дека е отворен оган и врз позициите во селото Истису, Келбеџар, од селото Горно Загали во провинцијата Басаргечер, Ерменија.
Исто така, во соопштението се наведува дека е одговорено на отворениот оган и дека ситуацијата во регионот е под контрола на азербејџанските војници.
Меѓу другото, се истакнува дека нема жртви меѓу азербејџанските војници во судирите.