По писменото барање на министерката за одбрана Радмила Шекеринска до нејзиниот романски колега Николае Јонел Чука за итна помош во справувањето со пожарите – брза реакција и одлука од страна на нашиот НАТО сојузник, Романија, која донесе одлука да нè поддржи со авион за гаснење на пожари со поголем капацитет, известуваат од Министерството за одбрана.
–Ве молиме да ги утврдите можностите за испраќање на авион за справување со шумски пожари, кои се од исклучителна потреба за Република Северна Македонија. Сојузничката солидарност е многу важна во овие тешки времиња и ние сме благодарни за сета ваша помош и поддршка, се вели во писмото кое го испрати министерката Шекеринска до романскиот министер за национална одбрана, Николае Јонел Чука.
Од министерството за одбрана велат дека ова е уште еден позитивен одговор од НАТО сојузничка земја, по реакцијата на министерот за одбрана на Словенија која испрати пожарникари и противпожарни возила во опожарените подрачја низ Северна Македонија и по помошта што ја испрати соседна Бугарија.
Фото:
time.mk