Петто приведено лице за предизвикување пожар – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/21 8:22 PM

Петто приведено лице за предизвикување пожар

Уште едно, сега петто лице, приведено e од страна на МВР поради предизвикување на пожар. Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б. (34) од гостиварското село Добридол, поради постоење основано сомнение дека го предизвикал пожарот во истото село, информираат од МВР.

Пожарот подоцна е локализиран, а лицето е приведено и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ова е петто приведено лице во врска со сомненија за предизвикување пожар во последниве три дена. Во текот на денешниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а на 04.08.2021 беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над с.Пожаране, Општина Врапчиште.

Во меѓувреме полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со Јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.