Скандал во САД: Уапсен сенатор обвинет за педофилија – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/21 8:08 PM

Скандал во САД: Уапсен сенатор обвинет за педофилија

Тони Наварет, сенатор од Аризона и член на Демократската партија, уапсен е во четвртокот поради сомнение за сексуално насилство над дете. Инспекторите кои работат на овој случај велат дека чинот за кој е обвинет Наварет е случен во 2019 година, но не открија повеќе детали.

Американскиот сенатор е обвинет за неколку кривични дела, а најтешко е она кое се однесува на педофилија и сексуално насилство над деца.

Демократската партија потврди дека еден од нивните сенатори е уапсен.

-Познато ни е дека еден од нашите членови е уапсен и чекаме понатамошни детали, со надеж дека институциите ја работат својата работа. Немаме дополнители коментари во моментот, стоеше во изјавата на Демократската партија.

Наварет е уапсен неколку денови откако овој сенатор објави дека е позитивен на коронавирус, иако претходно бил вакциниран. Сенаторот за првпат во Конгресот е избран во 2016 година, а две години подоцна избран е за сенатор од Аризона.

 

 

Извор:

espreso.co.rs

Фото:

awsforwp.com