Од Голден Стејт директно во Партизан: Ален Смајлагиќ е новиот кошаркар на црно-белите – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/21 7:20 PM

Од Голден Стејт директно во Партизан: Ален Смајлагиќ е новиот кошаркар на црно-белите

Тимот на Жељко Обрадовиќ од ден на ден повеќе се зајакнува. Шлагот на тортата, барем засега, е младиот српски центар од Голден Стејт Вориорс, кој денес потпиша тригодишен договор со белградски Партизан.

Ален Смајлагиќ ја прифати понудата на црно-белите откако стана слободен играч во НБА лигата и се врати во родната земјата. Дваесетгодишниот Смајлагиќ, кој може да игра на позициите „пет“ и „четири“, претставува шесто засилување на Партизан во летниот преоден рок, зголемувајќи ги шансите на балканскиот великан за освојување на АБА Лигата, Еврокупот и српската лига.

Доскорашниот „голем човек“ на Вориорси, беше драфтуван во 2019 година како 39-ти пик, но никогаш не доби вистинска шанса од Стив Кер. Во изминатите две години, Смајлагиќ најчесто настапуваше за развојниот тим на Голден Стејт, односно за две сезони забележа само 29 настапи во првиот состав.

Претходно, белграѓани ги ангажираа Кевин Панте, Алекса Аврамовиќ, Зек Лидеј, Далас Мур и Родион Курукс.

 

Фото:

warriorswire.usatoday.com