Три хеликоптери се упатени кон беровското село Мачево, каде што ситуацијата ескалираше, објави Ангелов – ММС
ММС

Објавено на: 08/6/21 5:31 PM

Три хеликоптери се упатени кон беровското село Мачево, каде што ситуацијата ескалираше, објави Ангелов

Три хеликоптери, од кои еден на АРМ и два српски, упатени се кон беровското село Мачево каде што ситуацијата ескалираше, напиша на својот ,,Твитер” профил, Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК.

-Три хеликоптери (еден наш и два српски) се упатени кон беровското с. Мачево каде ситуацијата ескалира и се појавува опасност за неколку куќи. Хеликоптерите ќе продолжат да дејствуваат во овој реон (пехчевско / делчевско / беровско) се додека има доволно дневна светлина, објави Ангелов.

Според очевидци од терен, огнот бил на педесеттина метри од првите куќи во Мачево.