Инспекторатот потврди дека не постои опасност по здравјето на луѓето од пожарот кај „Охис“, соопштија од ЦУК – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/21 10:23 PM

Инспекторатот потврди дека не постои опасност по здравјето на луѓето од пожарот кај „Охис“, соопштија од ЦУК

Инспекторатот за животна средина утврдил дека опасност по здравјето на луѓето од пожарот во близина на скопската фабрика „Охис“ не постои, потврдија на својата „Фејсбук“ страница од Центарот за управување со кризи.

-Од Инспекторатот за животна средина за појавениот пожар во кругот на фабриката ОХИС и евентуална опасност по здравјето на луѓето, после направената контрола известуваат дека нема опасност по здравјето за луѓето бидејќи опасни хемикалии во ОХИС одамна нема , а линданот кој треба да се отстрани е незапалив, стоеше во објавата на ЦУК.

Пожарот во 18:00 часот е локализиран, а зафатена била претежно сува трева и дел од поранешната фабрика „Билјана“.

 

 

Фото:

Facebook / Центар за управување со кризи