Педесетина припадници на Армијата вечерва ќе бидат стационирани во селското училиште во делчевското село Тработивиште, со цел селаните да бидат сигурни дека огнот кој попладне се распламти и упати во правец кон Тработивиште нема да влезе во селото.
Градоначалникот на Делчево Горан Трајковски брифираше дека е направен појас со машини и багери, со што дополнително ќе биде зајакната сигурноста на жителите.
Во однос на помошта од територијалните противпожарни единици од Словенија и од Бугарија, Трајковски додаде дека биле на терен до 20 часот, по што, како и претходните вечери, ќе бидат стационирани околу селото. Во случај на екстремни потреби, изрази уверување дека ќе се вклужат напомош и дека ќе ја следат ситуацијата во Тработивиште.
МИА