Британскиот трансфер рекорд е срушен и Џек Грилиш од денес е официјално фудбалер на англискиот првак.
Дваесет и петогодишниот Англичанец потпиша договор на шест години со Манчестер Сити кој ќе го задржи на „Етихад“ до 2027 година, соопштија од клубот од Манчестер. За услугите на талентираниот играч од нападот, Манчестер Сити на Астон Вила му исплатил 100 милиони фунти.
HE’S HERE!
We are delighted to announce the signing of @JackGrealish on a six-year deal.
Welcome to City, Jack! 💙
🔷 #ManCity | https://t.co/axa0klD5re pic.twitter.com/5Y3gMREmKL
— Manchester City (@ManCity) August 5, 2021
-Пресреќен сум што се придружив на Манчестер Сити. Сити е најдобриот тим во земјата со тренер за кого сметам дека е најдобар во светот. Сонот ми се оствари да бидам дел од овој клуб. Во изминатите десет сезони тие освојуваат трофеи константно. Да играш за Пеп и да учиш од него, тоа е специјално, изјави Грилиш за клупскиот веб-сајт.
Англискиот репрезентативец за тимот од Бирмингем забележа 213 настапи во осум сезони, постигнувајќи 32 погодоци и 43 асистенции. Неговото доаѓање во таборот на светлосините ќе значи со сигурност и крај на кариерата во дресот на Сити за Бернардо Силва.
Фото:
Twitter /@Sporf