Викендица и штала со крави изгореа во големиот пожар кој попладнево по 15 часот го зафати селото Четирце во Куманово.
Како што велат очевидци од селото пожарот е локализиран и според пожарникарите нема опасност за селото во овој момент.
Две противпожарни возила, полицијата, војската, но и многу цивилно население се ангажираше во задушување на огнот при што истиот е локализиран, но изгорена е една куќа и 10 крави во штала.
Пожарот остави вистински пустош, а повеќе од фотографиите и видео снимките во продолжение.
Никола Ивановски