Приведено уште едно лице за предизвикување пожар – ММС
ММС

Објавено на: 08/5/21 7:35 PM

Приведено уште едно лице за предизвикување пожар

Поради постоење основи на сомнение за предизвикување пожар во село Лева Река, каде што беше опожарена нискостеблеста шума, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода лицето К.С. од Лева Река, ресенско, информираат од МВР.

Лицето е приведено во полициската станица и се работи на расчистување на случајот.

За потсетување, во текот на вчерашниот ден полициските службеници од Полициското одделение Галате, го лишија од слобода лицето Л.А (32) од Албанија, кое нелегално претстојувало во државата, поради сомнежи за подметнување пожар над гостиварското село Пожаране.